Вицепремиерот на Македонија за европски прашања, Бујар Османи, на социјалните мрежи објави дека Владата е во комуникација со Албанија за да ги стави сите капацитети на располагање за нивна помош. Вкавата реакција доаѓа по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија, а каде има над 350 повредени лица, а најмалку 6 загинати.
„Утрово во Албанија се разбудија соочена со голема несреќа. Покрај големата материјална штета, катастрофалниот земјотрес веќе ги однесе и првите жртви за што сакам да изразам искрено жалење и сочувство за нивните фамилии, а воедно да изразам и надеж за побрзо закрепнување на повредените.
Како Влада веќе сме во комуникација со Владата во Албанија и на располагање ги ставаме сите наши капацитети за евентуална помош и поддршка за пријателска Албанија, и стоиме на располагање за брза реакција кога и да биде таа идентификувана и побарана“, напиша Османи на социјалните мрежи.