Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Бугарска фондација најави блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија во недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
deve-bair

Во недела се очекуваат привремени блокади на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија, откако бугарската организација „Македонија“ најави протестна акција што ќе трае два часа, пренесуваат бугарските медиуми.

— реклама —

Според информациите објавени во бугарските медиуми, блокадите ќе бидат организирани на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“, а организаторите тврдат дека за нивното одржување добиле дозвола од бугарското Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Најавата доаѓа ден по инцидентот пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, кога беа запалени две возила со дипломатски таблички. Осомничениот за случајот беше брзо идентификуван и приведен, а настанот беше осуден и од македонските и од бугарските власти.

— реклама —

Во повикот за протест организацијата наведува дека блокадата претставува порака до македонската Влада и премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Нашата цел е да му покажеме на Мицкоски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме два часа, а не трајно. Дојдете и покажете единство и сила“, се наведува во повикот на организацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 3 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања