Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонија организира четири чартер летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, слободните седишта се за соседните држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска започнува евакуацијата на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, при што првата група граѓани се враќа од Дубаи во Скопје.

— реклама —

Тој посочи дека покрај летот од Обединетите Арапски Емирати, Владата организира и дополнителни чартер летови за евакуација на граѓани од други земји во регионот.

— реклама —

„Првата група која ја евакуираме од Дубаи за Скопје е денеска. Имаме организирани чартери од Саудиска Арабија кои треба да ги прифатат граѓаните од Катар и Кувајт кои треба да заминат во среда. Има четири чартер летови, имаме десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија и нивни граѓани да донесеме. Од некогаш слабата Влада која молеше за 5.000 вакцини, сега сме фактор на стабилност“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје вечерва околу 21:15 часот.

На аеродромот патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања