„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонија останува без жители: Само Албанија и Бугарија со поголем демографски пад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
aerodrom

Податоците на Евростат откриваат дека Македонија се соочува со драматично намалување на бројот на жители – 11,4 отсто помалку во споредба со пописот од 2011 година. Со ваквиот резултат, земјата се наоѓа на неславното трето место по најголем пад на населението во Европа, веднаш зад Албанија и Бугарија.

— реклама —

Албанија е прва со загуба од 18% од популацијата – повеќе од половина милион луѓе помалку до крајот на 2024 година. Веднаш потоа е Бугарија со 12,3% пад, а Македонија ја следи со 11,4%.

„Демографскиот пад во Македонија е дел од поширокиот балкански тренд на масовно иселување и ниска стапка на наталитет“, се вели во извештајот на Евростат.

— реклама —

Проблемот не е изолиран. Скоро сите земји од регионот бележат сличен тренд, особено со заминување на млади луѓе по 2016 година, кога во Албанија започна нов бран емиграција. Во комбинација со сè понискиот број новороденчиња, резултатот е рекордно намалување на вкупната популација.

Меѓу малкуте исклучоци е Црна Гора, која бележи пораст од 0,6 проценти на населението – реткост во регионот.

Додека Балканот празни, земјите од Западна Европа бележат раст благодарение на имиграцијата. Еврозоната, според најновите бројки, има зголемување на населението од 3,2% во периодот од 2011 до 2024 година, најмногу поради политиките што ги привлекуваат странците како одговор на стареењето на сопствената популација и намалениот природен прираст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања