Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Македонија падна три места на Индексот за слобода на медиумите: Состојбата сега е „проблематична“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
megafoni

Македонија забележа пад од три места во најновиот Индекс за слобода на медиумите на „Репортери без граници“ . Од 42 то сега сме на 45 то место.

— реклама —

Македонија сега е во групата земји со „проблематична“ состојба. Падот е евидентиран кај сите пет клучни индикатори што ја мерат слободата на медиумите.

— реклама —

Иако рејтингот на земјата останува сличен на минатогодишниот, извештајот сепак нотира сериозни предизвици.

Словенија е на 36 место, Црна Гора на 41, Хрватска која е на 53 место е во групата со „проблематични“, како и Бугарија на 71, Албанија 83 и Грција 86, а Босна и Херцеговина која е на 90 место и Србија на 104 се во категоријата „тешка“ состојба.

— реклама —

Норвешка го задржува првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред. Сирија по Асад бележи најголемо подобрување од сите земји со скок од 36 места во рангирањето.

— реклама —

За првпат во историјата на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, повеќе од половина од земјите во светот сега спаѓаат во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ состојба за слободата на медиумите

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања