Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Македонија пат во застој: Автопатите неисчистени, воведени забрани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26

Во Македонија врне снег речиси насекаде, а екипите на Македонија пат не успеаја да ги исчистат навреме дури и автопатите.

— реклама —

АМСМ соопшти за следниве забрани:

Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

— реклама —

Од 18:30 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Превој – Барбарас (Македонски брод – Прилеп)

Од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

АМСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања