„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Македонија по петти пат со амнестија спасува политичари и криминалци од затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Лавина реакции во македонската јавност предизвика вчерашното едногласно усвојување на Законот за амнестија за собраниските настани од 27 април за кој 95 пратеници од власта и опозицијата гласаа „за“.

— реклама —

Главното прашање е дали политичарите со користењето на амнестијата како механизам го подриваат правниот систем во Македонија во зависност од моменталните политички интереси. Искуствата покажуваат дека во нашата земја често се посегнува по амнестијата, објави новинската агенција МЕТА.

Од 1991 година до вчера шест пати се усвојувани слични закони што значи дека за 27 години во просек на секои 4,5 години има амнестија.

— реклама —

Првиот закон за амнестија бил донесен во 1991 година, кога биле амнестирани затвореници и лица осудени со правосилни пресуди, но кои не отпочнале со издржување на затворските казни.

Втората амнестија е донесена во 1999 година, а се однесува на сторителите на кривични дела со кои била предизвикана верска, национална и расна омраза. Овој закон беше дел од политичкиот договор меѓу тогашните коалициски партнери во владата, ВМРО ДПМНЕ и ДПА, со кој биле ослободени градоначалниците на Тетово и на Гостивар, Ајладин Демири и Руфи Османи, како и учесниците во обидот за отворање на Универзитетот со наставана на албански јазик во Мала Речица.

Третиот закон за амнестија е усвоен во 2002 година, како дел од Охридскиот рамковен договор. Со него се ослободени од гонење и од затвор учесниците во конфликтот од 2001 година.

Во 2003 година е донесен четвртиот закон за амнестија, кој е ревидиран во 2004 година и ги опфатил граѓаните кои ја одбегнувале воената обврска и самоволно се оддалечиле од вооружените сили.

Собранието на 15 јануари, годинава по петти пат изгласа закон за амнестија со кој им се намалува затворската казна на осудениците. Со овој закон беа ослободени од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна. Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Повеќе тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања