Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Македонија приоритет во меѓународната соработка на Швајцарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
4-1

За време на дводневната официјална посета на Швајцарската конфедерација од страна на собраниска делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, во чест на претседателот Џафери и на делегацијата, претседателите на Националниот и Државниот совет, одржаа поздравни обраќања во рамки на пленарна седница на швајцарскиот парламент.

Претседателите на двата дома на швајцарскиот парламент, г-ѓа Марина Каробио Гускети и г. Жан Рене Фурниер, во своите обраќања нагласија дека Република Македонија е приоритет во меѓународната соработка на Швајцарија. Двете земји негуваат добри билатерални односи, особено поради многубројната дијаспора во Швајцарската конфедерација, која што е целосно интегрирана и значително придонесува во швајцарското општество. Во оваа прилика, претседателите на Националниот и Државниот совет, го поздравија историскиот чекор на Република Македонија, а тоа е потпишувањето на Договорот од Преспа, договор кој ги отвори вратите на евроатланската интеграција за земјата. Обраќањата на двајцата претседатели беа проследени со громогласен аплауз од страна на швајцарските народни избраници, што ја потврдува силната поддршка на Швајцарија за Република Македонија.

— реклама —

Веднаш по обраќањата, Делегацијата оствари и билатерална средба со Претседателот на државниот Совет, г. Жан Рене Фурниер на која што Претседателот на Горниот дом повторно упати честитки за постигнувањето на Договорот со Грција и изрази надеж дека оваа историска придобивка ќе биде уважена од страна на ЕУ и дека на Република Македонија ќе и биде даден датум за преговори во јуни оваа година. Според него, отворањето преговори во јуни 2019 година ќе испрати јасна и позитивна порака до сите земји пристапнички од Западен Балкан. Изразувајќи задоволство што официјалната посета се случува во годината кога двете држави прославуваат 25 години од дипломатските односи, г. Фурниер се заложи за интензивирање на економската соработка.

— реклама —

Претседателот Џафери ги оцени политичките односи меѓу двете држави како пријателски и се заблагодари на континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација и ја дава на Република Македонија во процесот на европските интеграции во време кога и Унијата се соочува со многу предизвици, иако Швајцарката конфедерација не е дел од ЕУ и НАТО. Тој информираше и за одржувањето на изборите за претседател на државата, на кои граѓаните во мирна и демократска атмосфера имаа можност слободно да ја изразат својата волја.

— реклама —

Претседателот Џафери на крајот искажа силна верба дека Република Македонија до крајот на годинава ќе има заокружен процес на ратификување на Протоколите за пристапување во НАТО а во однос на ЕУ, успешен преговарачки процес за пристапување, убеден во позитивна Одлука на Советот на Европската Унија за отворање на патот за отпочнување преговори во јуни 2019 година, што би било силна мотивација за спроведување на итните реформски приоритети и за имплементација на договорот со Грција.

Двајцата соговорници изразија спремност за понатамошно продолжување на интензивната билатерална соработка на сите нивоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања