„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонија слави 34 години независност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
zname

На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија со убедливо мнозинство ја запишаа најважната страница во современата историја на земјата. На референдумот организиран во предвечерјето на распадот на поранешна Југославија, 95 отсто од излезените граѓани одговорија „за“ на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

— реклама —

Од вкупно 1.495.626 запишани избирачи, на гласање излегоа 1.132.981 граѓанин или 71,85 отсто. Од нив, 1.079.308 гласачи, односно 95,09 отсто, се изјаснија за независна и суверена Македонија. Според официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на референдумот, немало поднесени приговори или жалби, што ја потврдува успешноста на процесот.

Овој историски чин го означи раѓањето на современата македонска држава и почетокот на патот кон меѓународно признавање, демократски развој и евроатлантска интеграција.

— реклама —

Честитки по повод Денот на независноста

По повод 34-годишнината од независноста, честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните!

Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!

Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија.

Изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право.

Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит.

Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми.

Младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука што стимулираат, почитуваат и наградуваат знаење, труд и заслуги.

Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, творат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено или трајно. Само во европски амбиент се креира европска иднина!

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, упати честитка до граѓаните нагласувајќи:

„Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Чин на врвен патриотизам е посветеноста на владеењето на правото.“

Во својата порака, претседателот на Собранието, Џафери Гаши, истакна дека независноста е „завет наследен од минатото, обврска за сегашноста и водич за иднината“. Тој повика на единство околу вредностите на сплотеност и посветеност за исполнување на државните аспирации:

„Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот. Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава, каде што нашите разлики ќе бидат богатство, а не пречка.“

Македонија денес

Триесет и четири години по прогласувањето на независноста, Македонија е стабилен сојузник во НАТО и држава кандидат за членство во Европската Унија. Во овие децении земјата изгради институции, се стекна со меѓународна почит и продолжува да чекори по патот кон посветла иднина за идните генерации.

Честит 8 Септември – Ден на независноста на Република Северна Македонија!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања