Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
inflacija

Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Инфлацијата ви Македонија е 19.8%, и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%.

— реклама —

Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.

— реклама —

Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија.

Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот.

Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%.

Ова покажува дека пред се големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработата во изминативе 5 години.

Ударот доаѓа во секторот енергенси, воглавно цената на струјата и храна и пијалоци. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.

Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработата на власта. И наместо со полумерки, ја повикуваме Владата да ги имплементира сите мерки кои ги предложивме, се со цел подобрување на состојбата во економијата и помош за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања