Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонија вечерва против Луксембург ги отвора квалификациите за ЕП 2028

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryr24echlfo2pn85q2MrP
Фото: ФБ / Ракометна Федерација на Македонија

Со дуелот против Луксембург, македонската ракометна репрезентација вечерва ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат пред домашната публика во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19 часот.

— реклама —

Македонија ја има фаворитската улога, а победа на стартот би била значаен чекор кон обезбедување место на континенталниот собир. Сепак, избраниците на Лазаров ќе мора да бидат внимателни, бидејќи во групата 8 се и селекциите на Шведска и Грција.

— реклама —

Досегашните меѓусебни дуели се целосно на страната на Македонија. Двете репрезентации одиграле шест натпревари, на кои нашите ракометари забележале исто толку победи. На последната средба, во 2023 година, Македонија славеше на гостински терен со 28:23.

Посебно внимание привлекува можноста за репрезентативно деби на Дмитро Горига, украинскиот лев бек кој настапува за унгарскиот ПИК Сегед. Тој е едно од новите имиња во составот и се очекува да донесе дополнителен квалитет во играта.

— реклама —

Капитенот Филип Кузмановски, Марко Митев, Мартин Серафимов и останатите репрезентативци ќе се обидат со победа да го отворат квалификацискиот циклус.

— реклама —

По вечерашниот натпревар, Македонија во недела ќе гостува кај Грција во Халкида. Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија, а пласман ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група и четирите најдобри третопласирани селекции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања