Македонската економија официјално е во рецеција. Бруто домашниот производ во два последователни квартали забележува пад. Во третото тримесечје падот е минус 3,3 отсто, а во второто – 14,9 отсто пад на БДП. Според Државниот завод за статистика најголемо намалување има во извозот и тоа за 6,8 отсто и во финалната потрошувачка за 1,4 отсто. За Владата, падот на БДП е очекуван и нема да ги надмине нивните проекции, објави alsat.mk.
Народната банка во последната проекција предвиде пад на македонската економија за 4,9 отсто. Најголем пад ќе има кај бруто инвестициите, личната потрошувачка, извозот како и дознаките од странство. НБРМ и препорача на Владата мудро да ги троши буџетските пари.
Текстот во целост на: alsat.mk.