Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Македонка во тимот експерти формиран од Џо Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Д-р Татјана Колевска е онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија „Каисер Перманенте“ во Калифорнија, што покрива грижа и лекување на повеќе од 12 милиони луѓе низ САД. Д-р Колевска, која инаку е родена во Скопје, води многу клинички студии што постојано истражуваат нови лекови за ракот. Неодамна беше гостинка во Белата куќа во Вашингтон, како дел од нејзината работа во „Moonshot” проектот на американскиот претседател Џо Бајден, пишува Независен весник.

— реклама —

Она што е интересно е што таа е дел од тимот составен од американскиот претседател, а кој треба во следните 25 години да најде лек за ракот, односно, преку иновативни начини да ги намали смртните случаи од рак на дебелото црево за 50 отсто. Во ова интервју за Мета.мк, докторката зборува за најновите сознанија и третман на болеста.

— реклама —

Д-р Колевска, вие сте родум од Скопје, а веќе со години живеете и работите во САД. Можете ли да ни раскажете за почетоците, за интересот за медицински науки, каде го стекнавте вашето образование?

— реклама —

Колевска: Завршив основно образование во некогашно „Браќа Рибар“ а денешно „Димитар Миладинов“, а потоа се запишав во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Медицински факултет завршив во Загреб, а специјализирав онкологија и хематологија на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Инспирацијата да помагам на луѓе во неволја, дојде од моите родители и баба ми Цвета. Тие постојано ме учеа дека помошта што ја пружаме на другите лица е најголема награда во животот, дека тоа нè исполнува со чувство на задоволство и благодарност, на начин на кој поинаку е невозможно да се постигне. Моите наставници од Скопје ме научија дека тешката и напорна работа го облагородува човекот и го осмислува неговиот живот. Сѐ уште се сеќавам на мојата наставничка Светлана Гогова, која и денес ми е синоним за човек со највисок интегритет.Докторка од Скопје во тимот експерти формиран од Џо Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто.

— реклама —

Повеќе

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања