„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Македонска лекарка од денеска ќе се грижи за жителите на гратчето Суќурај на хрватскиот остров Хвар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
divna

36-годишната Дивна Војновска, лекарка од Скопје, од денеска е докторка на Хвар. Таа била единствена која се пријавила на огласот за работа во амбулантата во малото гратче Суќурај на хрватскиот остров Хвар.

— реклама —

„Сакам мирен живот, среќна сум што ја добив работата на Хвар“, вели Војновска.

Хрватските медиуми пишуваат дека Војновска, родното Скопје, метропола со речиси 600 илјади жители, ќе го замени со гратчето Суќурај, каде има едвај 400 жители. Но, тоа не ја обесхрабрило.

— реклама —

Таа во изјава за „24 сата“ вели дека родинините во Македонија биле многу скептични и не им мило мило што таа ќе замине. „Но, тогаш ја прифатија мојата одлука и еве тука сум, убаво ми е“, вели младата лекарка.

Првиот ден на работа на докторката и поминал со полна амбуланта постари пациенти , кои сакале да им измери притисок , да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.

Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.

За време на нејзиниот прв работен ден чекалницата во амбулантата била преполна бидејќи сите дошле да ја запознаат новата докторка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања