Македонска репрезентација во хокеј: Ни треба хокеј арена под итно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
46508969_2076680565711478_5839276272504537088_n-1

Македонската репрезентација во хокеј на мраз бараат од власта да се изгради хокеј арена која е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови.

— реклама —

„Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.

— реклама —

ГО ОСВОИВМЕ!!!

— реклама —

Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.

Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!

15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!

НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.

Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!

Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот....овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас. <3

ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА!

НИ ТРЕБА АРЕНА!!!“, стои во објавата на „Фејсбук“

https://www.facebook.com/Insidious.Carnage/posts/2124829140901091

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања