Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Македонската берза и ЕБОР отвораат нова можност за финансирање на домашните компании: 10 компании ќе се подготвуваат за излез на пазарот на капитал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 часа -

Македонија
paridenari1

Македонската берза АД Скопје започнува нов проект чија цел е да им помогне на домашните компании полесно да обезбедат финансиски средства преку пазарот на капитал, односно со издавање акции и обврзници.

— реклама —

Проектот се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), согласно потпишаниот Меморандум за соработка, а неговата реализација ќе ја спроведуваат PwC Северна Македонија и PwC Хрватска.

— реклама —
— реклама —

Во програмата ќе бидат опфатени до десет македонски компании, кои ќе поминат низ независна проценка за нивната подготвеност за настап на пазарот на капитал. Освен тоа, тие ќе учествуваат во специјализирана академија за раководители и ќе добијат насоки и препораки за успешно обезбедување капитал преку берзанско финансирање.

— реклама —

Од Македонската берза очекуваат оваа иницијатива да поттикне поголем број компании да издаваат акции и обврзници, да ја збогати понудата на финансиски инструменти и дополнително да го зајакне развојот на домашниот пазар на капитал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања