Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Македонската режисерка Тамара Котевска освои Гран-при на британските награди „Гриерсон“ за „Приказната за Силјан“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Македонија
media-libraryk7qcqvbg9ae0aJRdNQU

Македонската режисерка Тамара Котевска освои едно од најзначајните британски признанија за документарен филм, Гран-при наградата за најдобар кинодокументарец на годинашното доделување на „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон.

— реклама —

Наградата ја доби за филмот „Приказната за Силјан“, во продукција на National Geographic Documentary Films и Dogwoof. Признанието се смета за едно од највлијателните во британската документарна кинематографија и често се нарекува „британски Оскар за документарци“.

— реклама —

Со ова достигнување Котевска продолжува да бележи меѓународни успеси, по претходните признанија за „Медена земја“ и неодамнешното освојување на наградата „Зелен Оскар“ (Wildscreen Panda Award).

— реклама —

Меѓу досегашните добитници на наградите „Гриерсон“ се оскаровците Асиф Кападија, Алекс Гибни и Кевин Мекдоналд, како и Вернер Херцог, Луј Теру и Дејвид Атенборо.

— реклама —

„Вредноста на ‘Приказната за Силјан’ продолжува да се потврдува и по цела една година исполнета со награди, а ние очекуваме уште многу нови признанија и во наредниот период. Искрено, немам и што повеќе да кажам со зборови, освен дека овој филм го носи моето срце и целата моја страст кон седмата уметност“, изјави Котевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfqnjc69kre36zzqV97

(Фото) Тамара Котевска: Двете номинации за „Еми“ се еден од најважните моменти во мојата кариера

Сцена | пред 2 месеци

— реклама —
media-library4sstom8nlttuchY0kmv

Македонска режисерка во срцето на Холивуд: Тамара Котевска на маса со Дикаприо, Дел Торо и елитата на филмската индустрија

Филм | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања