Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Македонски државјанин и тројца Пакистанци криумчареле мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
migranti_kola

— реклама —

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против еден македонски државјанин и тројца државјани на Пакистан. На обвинитетите им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418–б став 3 во врска со став 4 и 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Од средината на октомври 2019 година до 01.11.2019 година, во с.Ваксинце, Кумановско-липковски регион, обвинетите, заедно и по предходен договор во куќа сопственост на првообвинетиот, прифатиле и засолниле мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија. Со намера да стекнат материјална корист, обвинетите Пакистанци постапувале особено понижувачки и сурово кон мигрантите. Тие спротивно на волјата на жртвите, повеќе денови присилно ги држеле во дел од куќата каде на прозорците залепиле црни кеси, поради што мигрантите го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ. Жртвите добивале еден оброк дневно што не им било доволно и биле физички малтретирани.

— реклама —

Кога мигрантите ќе посакале да си заминат, обвинетите Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив удирајќи ги со црево по телото, а потоа им ставале нож под грло држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе бидат убиени доколку не платат пари. Ваквите настани еден од обвинетите ги снимал со телефон, а видеото, откако жртвите телефонски ќе стапеле во контакт со свои роднини кои веќе биле заминати во западноевропските земји, го испраќал на роднините со појаснување дека доколку не им испратат пари, ќе бидат убиени или нема да им се дозволи да ја напуштат куќата. Роднините на мигрантите, присилени на ваков начин, по пат на„ хавала систем“- древен систем на меѓусебно плаќање врз основа на доверба надвор од банкарскиот систем, префрлале пари на жртвите, а тие им ги давале на рака на обвинетите. Ако договорените парични износи не биле испратени во зададениот рок, обвинетите повторно ги тепале мигрантите, а малолетните ги присилувале и да чистат. Оштетените, веднаш по пристигнувањето во куќата, присилени на ваков начин, плаќале колку што имале во моментот, а дополнително барале пари од роднините, но и покрај тоа некои од нив иако платиле, биле задржани и понатаму со цел повторно да платат.

Случајот бил пријавен во српска полиција од страна на пријател на две жртви и по добиената информација од страна на органите на Р.Србија, вечерта на 01.11.2019 година околу 22:00 часот е спроведена полициска акција. При претрес на куќата на првоосомничениот пронајдени се дванаесет мигранти меѓу кои и две малолетни лица.

Ценејќи дека се уште се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата Пакистанци и мерка куќен притвор за првообвинетиот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања