Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, загинал 55-годишен македонски државјанин, објавија грчките медиуми.
На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.
Според информациите, се судриле два автомобили. Автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена.
Причините за несреќата засега не се познати.