„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонски кардиолози на најголемиот светски конкурс за кардиологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG-20180922-WA0010

Кардиолози од „ ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања - Охрид “ и универзитетеската Клиника за кардиологија од Скопје престојуваат на најголемиот конгрес од областа на интервентната кардиологија TCT 2018 кој секоја година се одржува во САД , а оваа година домаќин на настанот е градот Сан Диего во Калифорнија.

— реклама —

На овој годишен собир Кардиолошкиот Завод од Охрид го преставуваа Д-р Никола Бакрачески, Д-р Дејан Манчески и Д-р Благоја Стефаноски од Охрид, а Д-р Оливер Бушлетиќ ја преставуваше Клиниката за Кардиологија од Скопје. Нивното учество на конгресот беше заокружено со успешна презентација на интересни клинички случаи и техники на работа кои се применуваат во Охрид.

— реклама —

[embed]

OciawxIiVaY
[/embed]

На ТСТ 2018 се презентираа најновите научни и технолошки достигнувања, како и техники на работа во областа на Интервентната кардиологија, на софистициран начин преку пренос во живо од различни операциони сали од повеќе реномирани центри во светот, но и преку дидактички лекции и интерактивни тренинзи, за кои државното здравство во Македонија се обидува да следи чекор и да ги применува.

Раководителот на интервентната кардиологија во Охрид, д-р Никола Бакрачески, одржа презентација на случаи на тема „ Како не треба да се пристапува на коронарна бифуркација“,  а Д-р Дејан Манчески презентација на тема “ Три годишно следење на пациент со руптурирана  коронарна артерија стентирана со графтстент”.Младите доктори од охридскиот кардиолошки завод како Д-р Благоја Стефаноски и Д-р Дени Размоски даваат значаен придонес како коавтори на вакви научни трудови кои се објавуваат на голем број научни собири светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања