„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонски Концепт е против донесување на Закон за правична застрапеност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Makedonski-koncept-Bitola_3

Македонски Концепт е против донесување на Закон за правична застапеност. Ние сме за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век, велат од Македонски Концепт.

— реклама —

„Правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост. Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува.

Ние сме за еднаквост во можностите, а не во резултатите. Затоа мерит системот е нашиот водич. Системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци. Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19-тиот век не гради иднина за 22ри век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања“, соопшти Македонски Концепт.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-11-28-at-23.35.26

Македонски концепт бара силен одговор од државата: Вчерашните настани се терористичко загрозување на уставниот поредок

Македонија | пред 1 година

denari

Поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет, бара Македонски Концепт

Македонија | пред 1 година

soboren-hram-1

Политичка партија со поддршка на протестот на МПЦ-ОА

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања