Спроведувајќи ја идеологијата на здравиот разум, како граѓанска платформа за промоција на иновативни идеи – Македонски концепт, ја создадовме 3С – програма 2020 / слобода, спокој, солидарност!
Крајната цел, не е да понудиме само уште една политичка програма, за следните избори. Знаеме дека, било која политичка опција да ја изберeме, секогаш е исто! Се согласуваме дека е така! Затоа ние направивме граѓанска понуда, која ќе воспостави демократски СИСТЕМ на заемна контрола, кој нè спасува нас граѓаните, од политичките злоупотреби. Но, тоа нужно бара соработка и доверба помеѓу сите нас! Во спротивно, воспоставување на таков демократски систем, не е можно, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.
Програмата е резервоар на конкретни проекти, селектирани во три области:
– слобода, како највисока вредност за изградба на ФЕР општество!
– спокој, како стил на живот, резултат на извесна иднина!
– солидарност, како единствено општествено прифатливо поведение!
Реализацијата на нашата програма ќе ги исполни нашите домови со среќа, радост и здравје, домови на богати граѓани, кои во наследство на своите деца ќе им оставиме нормална држава, слободен и спокоен живот и солидарно поведение!
Поради здравствената криза со Ковид – 19 и забраната за собири, нашата „3С – програма 2020“, сукцесивно ќе ја промовираме преку тематски пресконференции, почнувајќи од првиот нареден работен ден, 08.06.2020 година (понеделник) во 10.00 часот во Градски Парк, Скопје.
Политичките партии се натпреваруваат во објавување на “бомби”, кои постојано создаваат нови проблеми во нашето општество! Го прифаќаме предизвикот, ќе започнеме и ние со нашите “бомби”, а тоа се нашите проекти, кои се решенија за проблемите кои ги создаваат партиите! Првата “бомба” од „3С програма 2020“ / Слобода, е проектот “Забрана за етнички партии”!
Остануваме отворени за секоја граѓанска идеја или иницијатива, да ни пристапите во текот на следните денови, со Ваш предлог проект на нашиот email makedonskikoncept@gmail.com или на социјалните мрежи, каде е застапен Македонски концепт!
фото: Македонски концепт