Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Македонски концепт: Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, без никаква дилема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
makedonski-koncept

Македонски концепт за одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Република Северна Македонија ОГРОМЕН УСПЕХ И ЈАСНА ПЕРСПЕКТИВА ЗА ИДНИНАТА. Тргнувајќи од нашата стратешка определба за полна евро-атлантска интеграција на Република Северна Македонија, со радост и воодушевување ја примивме веста за одлуката на ЕУ да отпочне пристапни преговори со нашата земја. Им честитаме на сите Македонци, без разлика на кој етнички, верски, политички или друг идентитет го носат во себе. Ова е огромен успех за сите нас и за нашата држава. Сега имаме јасна перспектива кон иднината, а тоа е целосна европеизација на македонската држава и општество, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.

— реклама —

Тие додаваат:

Им честитаме на сите оние кои активно работеа да биде донесена оваа одлука. Македонски концепт се залага за деидеологизација на македонското општество, како единствен начин да дојдеме до политичко и идеолошко помирување помеѓу нашите граѓани. Алтернатива на „идеологиите“, кои доволно не ги спознаваме во овој момент од развојот на македонската Република, ги заменивме со европеизација, процес кој е суштински за нашата држава во следниве десет плус пет години (10 + 5 години).

— реклама —

Во таа смисла, одлуката на ЕУ е остварување и официјална промоција и на идеолошката платформа на Македонски концепт.Очекуваме политичките фактори и сите останати во државата, заеднички да ги мобилизираме и да ги вложиме сите наши капацитети тој процес на европеизација на државата и општеството, колку може повеќе, да го поддржиме, да го олесниме, да го намалиме времетраењето, а за многу кратко време и да ги констатираме нашите први успеси во спроведување на пристапните преговори со Европската Унија. Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, без никаква дилема, се вели во соопштенето од „Македонски концепт“.

фото: Македонски концепт

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања