Вечерва во 19 часот во Културно информативниот центар во Скопје својата програма ќе ја образожи политичката платформа „Македонски концепт“. Многумина во оваа платформа гледаат шанса конечно да изградиме нормална и модерна држава.
Во оваа платформа членуваат познати и признати професионалци во своите области. Тие се категорични дека нивниот концептот е уникатен, модерен и прогресивен, базиран на современите западни демократии, мотивирачки и дава шанса на сите наши професионално реализирани сограѓани без разлика на политичка определеност, да се вклучат и дадат безрезервна поддршка и придонес за нашата татковина.
