„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонски научник во Бостон работи на откривање на метаболизмот на бактериите и последиците врз здравјето на човекот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Laboratorija

Педесетгодишниот Македонец Илија Дуковски е дел од тимот научници на Бостонскиот универзитет каде што периодов се работи на создавање компјутерски модели на метаболизмот и сличните процеси на бактериите што се во организмот на луѓето. Изминатите две години се работи на три процеси и проекти поврзани со откривање резултати од метаболизмот на бактериите, објави Телма.мк.

— реклама —

– Првиот се однесува на цревниот микробиом, т. е. бактериите што живеат во цревата на луѓето. Бактериите во нашите црева имаат важна улога за нашето здравје. Промени во составот на микробиомот често се појавуваат истовремено со стомачни заболувања. Причините за ваквите промени сè уште не се разјаснети. Се претпоставува дека промените во метаболизмот на бактериите и нивната интеракција преку размена на метаболити играат суштинска улога за здравјето на домаќинот. Мојата работа се состои во создавање компјутерски модели на метаболизмот на овие бактерии. Целта е да се разјасни размената на метаболити помеѓу бактериите и цревата на домаќинот, објаснува Дуковски.

Тој додава дека вториот проект е симулирање раст на тумори. Во основа на овие симулации, вели, е моделирањето на метаболизмот на клетките на рак. За разлика од нормалните клетки кои респирираат кислород, т. е. дишат, клетките на ракот не дишат на истиот начин, иако кислородот им е достапен. Оваа појава, т.н. Варбургов ефект, комбинирана со модел на раст на ткивото на тумор е во фокусот на овој проект.

— реклама —

Текстот во целост на: Телма.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања