Промени тема
Контакт

Македонски припадници на „Тигар“ меѓу најдобрите на меѓународниот натпревар во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarysh91nvpd4jgn2shh7lz

Двајца припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ освоија високи пласмани на меѓународниот натпревар „Штит Домовине“, кој се одржува во Дубровник, Хрватска, информира Министерството за внатрешни работи.

Натпреварот се одржува од 14 до 19 септември 2026 година, а македонските припадници по успешно поминатите дводневни квалификации се пласирале во главната трка.

— реклама —

Главната трка била долга 28 километри, со 927 метри висинска разлика, при што натпреварувачите совладувале низа комплексни препреки кои бараат висока психофизичка и тактичка подготвеност.

Во категоријата странски натпреварувачи, припадниците на САЕ „Тигар“ го освоиле четвртото и петтото место, од вкупно девет натпреварувачи. Тие се натпреварувале со претставници од Австрија, Словенија и Унгарија, како и со припадници на Армијата на Република Хрватска.

— реклама —

Во генералниот пласман, од вкупно 86 натпреварувачи, македонските припадници го освоиле 23-то и 24-то место.

— реклама —

Од МВР посочуваат дека учеството на вакви меѓународни натпревари овозможува проверка и унапредување на физичката, психолошката и тактичката подготвеност на припадниците на единицата, како и размена на искуства со припадници на безбедносните сили од други земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

tigar

Тигар во САД угина како последица на ковид

Магазин | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања