„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонскиот бисер во голем ризик – УНЕСКО предлага Охридскиот регион да биде впишан на листата на светско наследство во опасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ohridsko-ezero

Охридскиот регион се соочува со нов сериозен притисок од УНЕСКО – во нацрт-документ усвоен на 47. сесија на Комитетот за светско наследство, која се одржува во Париз, се предлага мешовитото природно и културно наследство на Охридскиот регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.

— реклама —

Причината, како што се наведува, е продолжената деградација на заштитените вредности, вклучително и урбанистичкиот хаос, неконтролираната изградба и несоодветното институционално управување со регионот. Во документот се констатира дека државата не презела доволни мерки за спроведување на претходните препораки од УНЕСКО и не обезбедила ефективна заштита на објектите, просторот и екосистемите што се дел од светското наследство.

Комитетот повторно укажува на потребата од подготвување Стратешка еколошка проценка која ќе ги опфати сите кумулативни влијанија врз заштитеното подрачје – нешто што се очекува од македонските институции веќе подолго време. Во меѓувреме, се бара целосна суспензија на измените на деталните урбанистички планови, како и одобрувањето на нови развојни проекти, особено надвор од населените места, сѐ додека не се завршат сите неопходни проценки.

— реклама —

Во документот се нотира и стагнацијата во подготовката на новите генерални урбанистички планови за Охрид и Струга, како и отсуството на соодветни инструменти за просторно планирање на неизградените зони. Од властите се бара итна систематска проценка на негативното влијание од постојните нелегални градби, со можност за нивно отстранување или ублажување на последиците.

Посебно внимание е посветено на Студенчишкото Блато, за кое УНЕСКО бара итна забрана на сите градежни активности во неговата околина, вклучително и кај комплексот „Горица 3“, сѐ додека не се направат сите релевантни проценки.

Во делот на трансграничната соработка, УНЕСКО ги повикува Северна Македонија и Албанија да го зајакнат дијалогот на институционално и оперативно ниво, со цел да се обезбеди координирано и одржливо управување со целиот регион.

Комитетот бара и изработка на нова студија за крајбрежната зона на македонскиот дел од езерото, како и префизибилити студија за алтернативна траса на железницата од Коридорот 8, со сите потребни еколошки и инфраструктурни анализи. Се препорачува прекин на сите активности поврзани со изградба на делниците, додека не се достават и разгледаат студиите.

Во заклучокот на нацрт-одлуката се потсетува дека постојните и кумулативни влијанија – меѓу кои се еутрофикацијата на езерото, лошото просторно планирање, несоодветните интервенции и големите инфраструктурни зафати – довеле до сериозно нарушување на клучните вредности на регионот, што претставува реална закана за неговиот статус.

Доколку нацрт-одлуката биде усвоена, тоа нема да значи дека Охридскиот регион се брише од листата на заштитени подрачја, туку ќе биде класифициран како регион во опасност. За дел од експертите, ваквиот чекор е можност да се добијат дополнителна поддршка, експертиза и ресурси од УНЕСКО за справување со децениските проблеми.

фото: Unsplash

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања