Промени тема
Контакт

Македонскиот Дипломатски Синдикат бара итно запирање на тековните конкурси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdiplomatski-sindikat

Македонскиот Дипломатски Синдикат изразува зачуденост поради објавувањето два нови интерни огласи за пополнување на дипломатско - конзуларните претставништва, високо дипломатско звање за во постојаната Мисија при ЕУ и помошно-стручен службеник за ДКП Загреб. Овие конкурси осамнаа само три недели по донесените одлуки за упатување 20-тина дипломати, од кои два беа токму за Мисијата при Европската Унија во Брисел, се вели во соопштението од Македонскиот Дипломатски Синдикат.

— реклама —

Дополнително, огласите се распишани длабоко во 100-те дена на функционирање на таканаречената "Пржинска Влада" за спроведување на предвремените парламентарни избори, период во кој вертикалното и

— реклама —

хоризонтално распоредување на вработените во државната управа се замрзнува за да се елиминира можноста од кадровски решенија со политички потпис. Оттука, се поставуваат неколку дилеми и сомнежи. Што се променило во плановите на Министерството за бројноста и кадровската екипираност на ДКП-ата, за да биде неопходно и ургентно да се објават нови огласи само неколку недели од последната рунда? Побарано ли е мислење од Антикорупциска комисија за законитоста на предметните конкурси распишани за време на техничка влада? Има ли двојни

стандарди кај министерот Димитров имајќи ја предвид неговата решителност во јуни 2017 година, веднаш по преземањето на функцијата, набрзина да суспендира, а потоа и да поништи 20 одлуки за редовно пополнување на испразнети позиции во ДКП-ата, токму и само поради тоа што беа донесени за време на тогашната техничка влада? И конечно, дали е вистина дека огласот за високото дипломатско звање е распишан дополнително, како резултат на силен партиски притисок, за да биде исправена "грешката" од декемврискиот избор кога "планираниот" кандидат извисил?

— реклама —

Македонскиот Дипломатски Синдикат бара итно запирање на тековните конкурси и го повикува министерот Димитров во пракса да ги потврди декларативните заложби за професионална дипломатија, воедначен пристап и законитост во работењето, додаваат во соопштението од Македонскиот Дипломатски Синдикат.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања