ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Македонскиот дипломатски синдикат: Раководството на МНР сеуште нема преземено елементарни мерки за заштита на своите вработени од ширење на Корона вирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sindikat-diplomati

Македонскиот дипломатски синдикат го повикува раководството на МНР да се придржува до Законот за административни службеници и да го почитува членот 73 ст. 19 според кој непридржувањето кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа претставува дисциплински престап, се вели во соопштението кое го испратија во медиумите,

— реклама —

Во продолжение на истото наведуваат:

По природата на својата работа, вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство на дневна основа доаѓаат во фреквентна физичка комуникација со лица од странство и домашни лица кои престојувале во странство. Со тоа дипломатијата влегува во редот на ризични професии од повисок интензитет.

— реклама —

И покрај тоа, раководството на МНР сеуште нема преземено елементарни мерки за заштита на своите вработени од ширење на Корона вирусот. Како Синдикат побаравме од раководството преземање соодветни мерки и барем набавка на средства на дезинфекција на раце. За жал, по кој знае кој пат, не бевме удостоени со одговор. Ваквата практика на игнорирање не ги решава проблемите, туку напротив, тие остануваат да тлеат и да се натрупуваат. А ги има многу.

На страна што игнорирањето на вработените ги надминува дипломатските, туку тоа ги надминува и нормите на доброто однесување. Најмалку што Министерството за надворешни работи може да  направи за здравствена заштита на своите вработени е да одговори на барањата на македонскиот дипломатски синдикат и конкретно да се активира на планот на превенција и заштита на вработените. Што поитно тоа го стори, штетата ќе биде помала.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања