Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Македонскиот народ и Левица не ви се плашат од празните закани за војна, вели Крмов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Борислав Крмов од Левица се обрати во Собранието, каде се осврна на колумната на функционерот на Алијанса за Албанцитe, Арбен Фетаи. На почетокот на својот говор, повторно Крмов побара премиерот Димитар Ковачевски да се врати во собраниската сала во која не беше присутен.

— реклама —

— реклама —

„Таканареченета европска коалиција е всушност анти-европски фронт, затоа што тие две партии не можат да излезат од матрицата на насилие и закани на кои сме навикнати, особено последниве 20 години, после 2001 година. Новиот лидер на Алијанса за Албанците, Таравари излезе со изјави за наводни радикализации, на кое се надоврзаа пратениците од Алтернатива и тие побараа чисти етнички општини. Ова барање е калкулација на Алтернатива, затоа што таа идеја не потекна од Алтернатива, туку од Алијанса за Албанците.

— реклама —

Извесен Арбен Фетаи, висок функционер од Алијанса за Албанците, во колумна зборува за македонски енклави во современа македонската држава, кои го нарушувале албанскиот територијален континуитет и според него, ни требало нова чисто етничка организација на општините?!

Никој од власта не ја демантираше оваа скандалозна колумна, затоа што не може да излеземе од таа матрица на политичко насилие и закани. Не може партиите со албански етнички предзнак да се прават поголемо ДУИ од ДУИ, наместо да борат против ДУИ со социјални прашања. Вие требаше да сфатите дека ваш непријател е ДУИ и да се обедините, наместо да се кошкате во Парламент со Левица за ситни политички поени, но затоа, сега сте декласирани.

— реклама —

Сега, за разлика од претходните 20 години, ќе бидете прозивани секогаш кога ќе покажите анти-државничко однесување, како колумната на извесниот Фетаи. И ќе ви порачам дека ниту македонскоот народ, ниту ние ви се плашиме од радикализации. Ако сакате, почнете уште утре. Никој не ви се плаши“, вели Крмов

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања