Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Македонскиот пасош на 46. место по моќност, може да се патува во 123 држави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Makedonski-pasos

Во најновата „Хенли енд партнерс“ листа на најмоќни пасоши, што се смета за најмеродавна на светот, првото место го делат Јапонија и Сингапур, а Македонија се наоѓа на 46. место.

Додека граѓаните во Јапонија и Сингапур без виза може да патуваат во 189 земји, граѓаните од нашата земја може без пречки да патуваат во 123 држави.

— реклама —

Од земјите во регионот најдобро котира Словенија, која се наоѓа на 10. место, чии граѓани може да патуваат без визи во 179 земји, а зад неа е Хрватска на 20. место со 167 земји, пренесе новинската агенција „Танјуг“.

— реклама —

Србија се наоѓа на 41. место, а српските граѓани може да патуваат во 131 земја без виза.

— реклама —

Зад нас се Црна Гора со 122 земји, потоа Босна и Херцеговина на 51. место (116) и Албанија на 52. место, каде без виза може да се патува во 113 земји.

Меѓу првите места што ги делат повеќе држави се наоѓаат Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, Франција, Шпанија, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка.

На последното место е Авганистан, а меѓу најслабите пасоши спаѓаат и пасошите на Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Либија, Палестина, Непал, Бангладеш, Иран, Судан и на Северна Кореја.

Како што се наведува на интернет-страницата, резултатите од листата се засновани на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која одржува најголема база за патни информации во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања