Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Македонскиот полициски синдикат бара Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
covid-19-vakcina

Претседателот на Македониот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев денес во име на членовите на Македонскиот полициски синдикат со писмено барање се обрати до Владата на Република Северна Македонија –Премиер Зоран Заев,Министерството за здравство-Министер Венко Филипче, Министерство за внатрешни работи –Министер Оливер Спасовски, Директорот на Агенцијата за разузнавање –Директор Еролд Муслиу, Директорот на Агенцијата за национална безбедност –Директор Виктор Димовски и Директорот на Управата за финасиска полиција –Директор Арафат Муареми.

— реклама —

Во дописот Кицев меѓу другото вели:

„Како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, со околу 8500 членови будно ја следиме состојбата со пандемијата на COVID-19, во нашата земја а притоа дозволете ми да потенцирам дека Македонскиот полициски синдикат во изминатиот период имаше интензивни активности активно вклучувајќи се во дистрибуција на заштитна опрема за своите членови т.е вработените во АР, МВР, АНБ и УПФ, но и за сите оние вработени во погоренаведените институции кои не се синдикално организирани, од причина што во ваков драматичен период занас како синдикат безбедноста и здравјето на сите вработени е на прво место.

— реклама —

Ваквата наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници.

Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат,бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против Ковид-19 да вработените во Агенцијата за разузнавање , Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и УПФ, Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик ондосно нивната имунизација биде планирана во првата или најдоцна во втората фаза на имунизација бидејќи вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажаа својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19“.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања