Промени тема
Контакт

Македонските бизнис идеи ќе се претстават пред германската индустрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев" и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска и утре ќе им овозможат на компаните, преку програмата „Betapitch", да добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.

— реклама —

— реклама —

Главниот оперативен директор на „Бетахаус“, еден од клучните чинители на берлинската стартап-сцена, ќе учествува на ексклузивна презентација на бизнис-идеи од страна на македонски стартап-компании.

Избраните 10 до 12 стартап-компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, во просториите на ИНОФЕИТ, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, ќе може да ги презентираат своите идеи пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“.

— реклама —

Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на „Betapitch Global & Investors Day“ на 15 ноември 2018  во Берлин, каде што ќе може да ја презентира својата идеја-продукт пред германската индустрија и да изгради деловни односи со стартап-скаути од сите поголеми германски мултинационални компании

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања