Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Македонските фирми плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-1

Состојбата со енергетиката во Македонија е катастрофа поради криминалот на власта. Домашното производство на струја во време на антимакедонската СДС е намалено за 3 терават часови, а неопходните количини граѓаните и стопанството скапо го плаќаат од увоз, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот, а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени. Доколку власта домаќински и одговорно работеше ќе се спречеше покачувањето на цената на струјата во јули и немаше да дојде до најавеното ново покачување во декември.

— реклама —
— реклама —

Но власта предводена од антимакедонската СДС реши да го полни џебот на трговците со струја и да прави милионски штети на буџетот. Заради ваквото работење државните енергетски компании станаа загубари, а поради високите цени граѓаните и стопанството се донесоа до питачки стап.

— реклама —

За ваквата кражба која ја спроведува власта мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања