Промени тема
Контакт

Македонските фудбалери со Даунов синдром се балкански шампиони: тимот на ФК „Карпошово“ освои прво место на Балканското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-librarye28ha4fo00ib9gpqLNZ

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост, оствари голем успех, освојувајќи го првото место на Балканското првенство во фудбал за спортисти со Даунов синдром и интелектуална попреченост, кое се одржа од 2 до 4 октомври во Софија, Бугарија.

— реклама —

Со своето претставување ја освои балканската титула и уште еднаш покажа дека спортот создава можности за сите, без разлика на индивидуалните предизвици.

— реклама —

Преку проектот „Фудбал за сите деца“, на децата и младите со интелектуална попреченост им се овозможува да бидат дел од фудбалските активности, да ги унапредуваат своите вештини и да учествуваат во спортската заедница под еднакви услови.

Работата на ФК „Карпошово“ се реализира со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фондацијата на УЕФА за деца. Преку овие активности се поттикнуваат инклузијата и социјалната интеграција, а спортот се користи како начин за создавање еднакви можности и поголема вклученост.

— реклама —

Освоеното прво место во Софија е значаен успех за фудбалерите на „Карпошово“ и уште една потврда дека со посветеност, тимска работа и соодветна поддршка можат да се постигнат големи резултати.

Честитки до ФК „Карпошово“ за освоената балканска титула!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања