Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Македонските институции реагираа хистерично на посетата на Курти, тој беше пречекан со сите државни знамиња, вели Сејдиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kurti-vo-tetovo-1-960x640-1

Македонските државни институции реагираа многу хистерично на посетата на косовскиот премиер Албин Курти, а таа хистерија беше дополнета со доза на етнонационализам кој е неприфатлив и е против соработка за добрососедство.

— реклама —

Ова на денешната прес-конференција го изјави потпретседателот на Беса, Блерим Сејдиу, кој истакна дека косовскиот премиер во Тетово бил пречекан со сите државни знамиња и законски постапки.

– Косовскиот премиер Албин Курти беше пречекан со сите државни знамиња и со сите законски постапки, а ние како домаќини не преземаме одговорност за тоа што се случувало во публиката – изјави Сејдиу.

— реклама —

Тој, сепак, не даде конкретен одговор дали е прифатливо веењето на знамето на „Голема Албанија“, но затоа, пак, обвини дека посетата на Курти го открила национализмот кој се крие во највисоките македонски државни раководители.

— реклама —

– Посетата на косовскиот премиер го откри национализмот кој се крие во највисоките македонски државни раководители, кои, за жал, сѐ уште го кријат овој национализам со демократски јазик. Владата на Македонија се плаши дека мобилизацијата на албанизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија помеѓу Скопје и официјален Белград – изјави Сејдиу.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој уште еднаш повтори дека Курти во Тетово бил пречекан со сите државни знамиња и според сите законски прописи ии тоа сите можеле да го видат.

— реклама —

– Не можеме ние да одговараме за тоа што се случувало во публиката, а на коешто реагирало државното раководство. Премиерот Курти беше во официјална посета на Општина Тетово. Пречекот беше видлив, со фотографии и со видеа, а ги имаше сите државни знамиња – истакна потпретседателот на Беса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања