Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Македонските јајца со подобра цена од грчките, бугарските и полските

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jajca

Само пет фарми од Македонија (Гостиварско, Скопско, Гевгелиско, Неготинско и Ресенско) извезуваат јајца на пазарите во Европската унија. Пласманот е континуиран и се реализира главно во Хрватска, Бугарија и Грција.

— реклама —

Земјава засега располага со околу 1,1 – 1,2 милиона кокошки во интензивно, фармско производство, каде продукцијата на јајца дневно достигнува приближно еден милион, а уште еден милион кокошки се регистрирани кај индивидуалните земјоделски стопанства каде одгледувањето е екстензивно, слободно, и продукцијата на јајца е нешто помала.

— реклама —

– Дневната продукција во интензивното производство достигнува околу еден милион јајца, а во екстензивното нешто помалку, што е сосема доволно за домашниот пазар. Остануваат количини и за извоз.  Македонија е на листата земји за извоз на јајца во ЕУ. Ги исполнува сите безбедносни и квалитативни параметри. Пет објекти се вкупно регистриани за извоз во ЕУ и тие континуирано извезуваат, вели за МИА директорот на фармата за производство на јајца „Везе Шари“, Абдулезел Догани.

Според него, до август просечната цена на јајцата беше добра, околу пет денари, а во септември – октомври нешто послаба, четири до 4,5 денари, што е вообичаено поради купувањето дрва за огрев, правањето зимница, ајвари, почетокот на школската година,…

— реклама —

– Со цената на јајцата сме некаде во средина на европскот пазар. Не сме ниту меѓу најевтините, ниту меѓу најскапите. Во Грција, Бугарија и Полска јајцата се сега поевтини од кај нас, достигнуваат 3,5 – четири денари, истакнува Догани.

— реклама —

„Везе Шари“ утре ќе се приклучи кон одбележување на Светскиот ден на јајцето, 12 Октомври, со два настана. Ќе донира јајца во градинките за деца со посебни потреби во Тетово и Гостивар, како и во СОС Детското село. Децата, како што информира Догани кој е и ветеринарен лекар, ќе имаат можност да слушнат нешто повеќе за придобивките од исхраната со јајца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања