Промени тема
Контакт

Македонските млади програмери се враќаат со три медали од Узбекистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library37597vi7cijteKiBP0N

Со три медали и една олимписка пофалба, македонскиот тим на млади програмери оствари одличен резултат на 38. Интернационална олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан.

На натпреварувањето, кое се одржува од 9 до 16 август, учествуваат 375 натпреварувачи од 92 земји. Дамјан Давков освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски се пласираа меѓу најдобрите и освоија бронзени медали. Виктор Максимоски доби олимписка пофалба, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија.

— реклама —
— реклама —

Македонскиот тим на ИОИ 2026 го сочинуваат Давков од Штип, Грчев од Кочани, Стојковски од Скопје и Максимоски од Гостивар. Тим-лидери се д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

— реклама —

Особено значаен е резултатот на Дамјан Давков, ученик во Математичко-информатичката гимназија. Ова е негов трет последователен сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика. На првото од неговите четири учества на натпреварувањето, Давков освоил бронзен медал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања