Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Македонските превозници под удар: „ЕУ ни ги зема возачите и ни го затвора пазарот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Македонските превозници се соочуваат со сериозни притисоци од Европската унија, кои директно влијаат врз транспортниот сектор и економијата, предупредува Билјана Муратовска, генерална секретарка на асоцијацијата „Макам-транс“, во интервју за „Вијести.ба“.

Таа тврди дека дел од земјите членки на ЕУ свесно создаваат пречки со цел да ги преземат возачите и транспортниот пазар.

— реклама —

„Свесни сме дека поединечни држави членки на Европската унија прават опструкции под притисок на своите превозници кои сакаат да ни ги земат возачите, но и да го освојат транспортниот пазар на кој ние работевме и сѐ уште работиме, особено од кога почна војната во Украина“, изјави Муратовска.

— реклама —

Дополнителен проблем, според неа, е примената на правилото за престој во Шенген зоната, кое, иако не е ново, сега се применува на начин што сериозно ги погодува превозниците.

— реклама —

„Ова е старо правило кое нѐ изненади затоа што се радувавме кога беа укинати визите пред 17 години, но ниту ние превозниците ниту надлежните органи не ја забележавме замката која се подготвуваше кога во Шенген зоната влегоа 29 држави и практично го заокружија Западниот Балкан како „пуст остров““, вели таа.

Муратовска посочува дека проблемите траат со години, а ЕУ системски работи на привлекување на возачи од регионот.

„Проблемот почна уште во 2015 година кога државите членки почнаа стратегија да привлечат што повеќе професионални возачи од Балканот“, додава таа.

Целото интервју можете да го прочитате тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања