„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонските производи од 1 јануари поскапи поради Европската „јаглеродна такса“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycoks9fujmj1vb7TWkzq

Европската такса за емисија на јаглероден диоксид Европската унија ќе ја воведе од 1 јануари 2026 година.

— реклама —

Оваа такса ќе ги поскапи македонските производи, што значи дека директно ќе влијае на крајната цена на македонските извозни производи, посочуваат од Македонската асоцијација на метална индустрија (МАМЕИ). За конкурентно прилагодување ќе бидат неопходни поволни зелени кредити.

,,Цената ќе биде оптеретена и тоа е домино ефект што ќе се одрази на сите нивоа. Сепак, нашите компании веќе подолго време се подготвуваат и размислуваат како да се справат со новите обврски,“ изјави претседателката на МАМЕИ, Марта Наумовска-Грнарова.

— реклама —

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска најави дека следната недела во земјава ќе пристигне Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, за да се разговара за деталите околу примената на механизмот.

Иако новата европска регулатива ќе претставува дополнителен финансиски товар за македонските извозници, таа во исто време може да биде поттик за модернизација на индустријата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Млечните производи скапи – Мицкоски очекува пад на цените наредните месеци

Македонија | пред 3 месеци

05122024_MICKOSKI-4

(Видео) Се намалуваат цените на над 600 производи за новогодишните празници, објави премиерот

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања