„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонските семејства кои бараа помош денес ќе бидат евакуирани од Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonski-semejstva-vo-ukraina

Информираме дека денес, преку воспоставениот коридор обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија, две семејства со наши државјани од Одеса, Украина, веќе се дел од коридорот и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија. Во контекст на истата соработка, упатуваме апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација.

— реклама —

Информираме дека сме во постојан контакт со Властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина. Граѓаните кои се во можност треба да се упатат во западниот дел на Украина, кон Конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево. Информираме дека на овие локации ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина преку овие земји. Во постојан контакт сме и со Властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со сите наши партнери, и се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори/конвои. Во таа насока информираме дека е активиран и механизмот на ЕУ за цивилна заштита, и за евентуално новите воспоставени коридори МНР дополнително ќе информира.

— реклама —

Оние наши државјани кои сѐ уште не оставиле свои податоци, веднаш да го контактираат Министерството за надворешни работи, со цел достава на прецизни податоци и информации за нивната локација и состојба, со цел да се оствари можност да бидат дел од координацијата на процесот за евакуација.

Потсетуваме дека дежурниот телефонски број +389 75 273 732 е постојано активен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања