Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Македонско бугарската комисија повторно на иста маса, овој ќе дискутираат за антиката во учебниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија денеска и утре ќе има состанок во Скопје, а во фокусот на разговорите ќе биде антиката и начинот на кој таа е прикажана во учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во земјава.

— реклама —
— реклама —

Целта на состаноците, како што велат од комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото и тие на состаноците во текот на овие два дена ќе се обидат да ги усогласат ставовите за античкиот период и како тој дел од историјата во учебниците да биде прикажан на начин кој нема да биде навредлив за никого.

— реклама —
— реклама —

Комисијата е формирана за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно членот 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања