Промени тема
Контакт

Македонското МНР обоено во боите на украинското знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20220224224848

Како гест на поддршка и солидарност со Украина и украинскиот народ, зградата на македонското Министерство за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на украинското знаме.

Ова го објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој пишува дека 24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа.

— реклама —
— реклама —

„Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина. Истовремено, ваквите дејствија го доведоа до прашање и мировниот поредок на нашиот континент. За ништо од ова нема оправдување. Војната и огнот не се шега, а употреба на сила и принуда нема место во 21 век. Вечерва, го осветливме Министерството за надворешни работи во боите на украинското знаме со што сакаме да пратиме силна порака на поддршка и солидарност со Украина и пријателскиот украински народ, во овие тешки моменти. Нашите народи се добро познати по подавањето рака на оние на кои таа им е потребна, нешто што е запишано и во историјата. Ние ќе вложиме напори да запрат вашите страдања“, напиша Османи во објава на Фејсбук.

— реклама —

Уште еднаш ја повтори нашата недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина. Русија утрово ја нападна Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања