„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
makraduli

Јани Макрадули, поранешен пратеник од СДСМ , во објава на ФБ вели дека Кочани бара помош а не поделби. Тој вели по изјавите на Мицкоски, СДСМ треба да престане да повикува на лидерски средби, туку на општа мобилизација.

— реклама —

„Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, при тоа мислам на ДПМНЕ, а не на ВМРО (кое впрочем е симбол на сите), за жал, има поделба на општеството.

Иако мислев дека политиката на Груевски е врв на таа поделба, деновиве сме сведоци на уште пооштра поделба. Па така, и покрај “стандардните” поделби - дали се живее подобро или полошо, про или контра ЕУ, дали е повкусна охридска цреша или владина папаја, за жал, имаме поделба и околу изборите во МПЦ, и што е најстрашно - околу Кочани.

— реклама —

Денес, со политиките на власта се доподели општеството околу трагедијата во Кочани, за која мислев сите сме обединети во тагата, грижата и емпатијата да се помогне.

Замислете, има граѓани на Македонија кои ги напаѓаат родителите што го загубиле најмилото. Па, зарем има минимум човечност во тоа?

Време е власта да сфати дека Кочани бара помош, а не поделби. Бара разбирање, а не рамнодушност. Да се покаже човечност, а не да се зголемува болката која и веќе е премногу голема за носење.

Ретките медиуми укажуваа токму на ова - опасноста од погрешната политика на централната власт во однос на Кочани. Но, Тешките муабети власта не ги чу, и затоа, сега, како бумеранг им се враќаат.

И на крај, лажните тези не менуваат факти, и евентуална победа на ВМРО ДПМНЕ во некоја општина, и покрај очигледното неспроведување на проекти и отсуството на резултати, не само што нема никаква врска со Кочани, туку само зборува за авторитарниот и антиемпатичниот дух на власта.

П.С. Иако очекував реакција уште по заканите упатени кон пратеник од собраниската говорница од страна на министерката, ама денес верувам уште повеќе – по изјавата на Мицкоски дека СДСМ „нема да постои“, актуелното раководство ќе престане да повикува на лидерски средби и конечно ќе повика на општа мобилизација. Мобилизација во која ќе водат тие со став, а не тие што аплаудираат, тие што знаат како, а не тие што калкулираат, тие со срце, а не со градежна поддршка…

Со народот, а не зад компромисите“, напиша тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања