Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули вчера на својот Фејсбук профил објави фотографија од зголемени вредности на загаден воздух. Според него причина за тоа се огновите кои најмногу придонесуваат за создавање на ПМ честичките.
„Пагански или не, од вечерниве огнови може да заклучиме нешто. Очигледно не треба да се има дилема кој најмногу придонесува во создавањето на ПМ честичките. И каде треба да се бара решението. А тоа е замена на греењето со дрва и други додатоци во нив. Затоа брзо ќе отвориме повик за замена на греењето со дрва заедно со дефинирање на зони на ниска емисија“, напиша Макрадули.
