Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Макрадули: Власта има низа слабости, но отворањето теми за Гоце Делчев е „пукање во сопствената нога“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
makraduli

Јани Макрадули од СДСМ, во објава на социјалните мрежи упати критики за актуелните политички приоритети во опозициското делување, посочувајќи дека вниманието се пренасочува од клучните теми кон прашања кои, како што вели, ја ослабуваат борбата.

Тој наброја повеќе актуелни случувања кои, според него, треба да бидат во фокусот на опозицијата.

Вести за власта:

- Унгарската врска пука по сите шавови;

- Тајландско селфи со народни пари;

- Известителот за Македонија, Вајц, со тврдење дека 8 од 10 обврски со рок до јуни не се завршени;

- Пад за три места на индексот за слобода на медиуми;

- Министерката за финансии со најнов “виц“ дека земји од Европа ќе банкротираат, додека на границите врие од повратници;

- Газење на политичкиот дијалог со насилие на мнозинството врз консензуалните договори;

Теми како порачани за опозициска борба, за аргументирани напади. Наместо тоа, пукање во сопствената нога со проблематизирање на улогата на Гоце Делчев.

Овие дилеми, никогаш не биле политика на државотворниот карактер на СДСМ, и се директно ослабување на опозициската борба.

Затоа, пред положувањето цвеќе, неопходно е јасно и недвосмислено оградување од секое релативизирање на националните симболи и историските личности. Пред 4 мај, тоа не е само политички чин, тоа е тест за кредибилитет и интегритет.

Бидејќи, отворањето на вакви прашања и теми не е стратегија, туку отстапување од суштината каде што треба да се води борбата.

— реклама —
media-libraryf8uhcdo4qcno6ykbpQC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања