Макрон го погодија со јајце во глава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
jaja

Со оглед на тоа што последниве денови во Франција беснеат протести против поскапувањето на горивото, на социјалните мрежи се појавија снимки како претседателот Емануел Макрон на еден собир го гаѓаат со јајца во глава.

— реклама —

Многумина назначија дека е погоден со јајце на самитот Г20 во Буенос Аирес.

— реклама —

„Макрон е казнет зошто ја издаде својата земја“, „Додека демонстраните беснеат во Франција, Макрон добива јајце во глава на самитот Г20“, се некои од твитовите покрај објавените снимки.

— реклама —

Меѓутоа, вистината е малку поинаква. Всушност Макрон со јајце го погодија во 2017-та година и тоа кога не беше избран за претседател на Франција.

Инцидентот се случил кога во март 2017-та година Макрон посетил еден земјоделски саем во Париз.

Го погодиле среде разговорот со еден маж, а обезбедувањето реагирало брзо и го тргнало.

Во Франција во последните месец дена траат демонстрации против Владата поради поскапувањето на горивото и трошоците за живот, па веројатно некој затоа ја споделил оваа стара снимка од инцидентот со јајцето, а многумина помислиле дека настанал во Аргентина за време на самитот Г20.

Вчера во Париз се уапсени над 400 демонстранти по судирите со полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања