Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Макрон најави согласност за почеток на проговори со Македонија и Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
makron-1

Пранцускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен, тој ќе поддржи отворањето пристапни преговори со двете држави - јави 360 степени.

„Го чекаме извештајот во март. Ако резултатите се позитивни и е воспоставена доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги започнеме преговорите“, рече Макрон на Минхенската безбедносна конференција.

— реклама —

Тој оцени дека Европската комисија (ЕК) завршила значајна работа со реформа на методологијата за преговори.

„Процесот на проширување мора да биде пополитички, појасен и со можност за резервибилност. Тој предуслов е исполнет“, порача Макрон.

— реклама —

Првично, скратените извештаи на ЕК за Македонија и за Албанија, кои Макрон ги спомнува како услов, беа најавни за крајот на февруари, но најверојатно ќе бидат објавени во март.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања