„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

„Макстил“: Работиме според А дозвола која го пропишува нивото на бучава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
makstil-960x528

Изминатиот ден беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИЖС за утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД. Во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, би сакале да ја информираме јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените вредности се многукратно помали од дозволените), се вели во соопштението од Макстил АД.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

За време на посетата инспекторите информираа дека има поплаки од граѓаните за зголемена бучава по што беа презентирани мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и беше утврдено дека се во рамките на дозволеното.

— реклама —

Покрај Макстил АД, во комплексот на поранешна Железарница работат преку 60 правни субјекти, од кои за жал, според кажувањето на ДИЖС, голем дел немаат ни основни еколошки елаборати.

Приоритет ни е како компанија почитување на сите законски обврски и сигурни сме дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола.

Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки, како би се детектирале вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања