Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Малата Марија од Радовиш: Ми требаат патики, ме болат нозете, но не ѝ кажувам на мама да не тагува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
image-183987

Сузана Тачева од село Ораовица можеби ќе останеше невидлива за јавноста доколку не ѝ го посакуваше најдоброто на својата 12-годишна ќерка Марија.

Од шест години самохрано ја расте со минимален месечен приход, а имало периоди и кога немале пари за храна, па седеле сами и гладни во една соба.

— реклама —

Тие немаат храна за сите денови од месецот, а ниту еднаш во годината не може да си купат нова облека, додека Марија ги носи тесните патики од минатата година и не ѝ кажува на мајка ѝ за да не тагува.

А, болката ја поднесува и дома и во училиште, но Сузана е жена со здравствени проблеми и не е способна ниту да работи.

— реклама —

- Живееме сами со ќерка ми. Сопругот е починат. Живееме во една соба, немаме пари да ја средиме куќата, земаме само 6.400 денари од социјално, а со тие пари не може ништо да се направи. Дали за мене, дали за Марија, нешто за сметки. Тешко се живее, вели Суза.

— реклама —

Како млада работела со тутун и заработувала пари, додека пред 12 години ја добива Марија, но потоа го губи сопругот.

- Се сеќавам на татко ми, живеевме сиромашно. Немаме услови за ништо. И да беше жив, мислам дека пак ќе беше исто. Тој ја тепаше мама, се сеќавам на тие моменти, не можев да ја одбрана, раскажува Марија во „Срце на дланка“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања